Top Sport

Рони О’Саливен: Да почнував повторно, немаше да играм снукер

Иако е петкратен светски шампион и според многумина најдобриот снукер играч во историјата, Рони О’Саливен вели дека не би го избрал снукерот да може повторно да бира.

43-годишниот О’Саливен стана светски број 1 првпат од 2010 по силната сезона 2018/19, но загуби во првото коло на СП во април од аутсајдерот Џејмс Кејхил и сега во интервју за британското „Радио 4“ ги опишува своите почетоци.

„На почетокот, играњето и натпреварувањето не беа доволни. Бев како зависен да станам најдобриот. Зависноста може да биде за жени, коцка, трошење, напорна работа…  Западниот свет е свет на зависност, бидејќи живееме со такво темпо што секој се обидува да биде повисоко на скалата. Најверојатно газев на луѓе во потерата да бидам најдобар. Да бирав повторно, немаше да го изберам снукерот, тоа е дефинитивно“, вели О’Саливен.

Scroll to Top