Top Sport

Путин предизвика американска новинарка на џудо меч

Рускиот претседател Владимир Путин на шега понуди џудо меч на американската новинарка Розалинд Матиесон, бидејќи таму би имал „натпреварувачка предност“ откако ја одби понудата да се сретнат во боксерски ринг.

Путин, кој има црн појас во џудото, и Матиесон го имаа интересниот разговор на Интернационалнот економски форум во Санкт Петерсбург, каде што Путин се сретна со шефовите на новинските агенции. Матиесон, која е уредник за интернационални односи во „Блумберг њуз“, откри дека практикува тајландски бокс, но посочи дека не би била среќна да се најде во ринг со рускиот претседател.

„Прво, не би се согласил да се борам против Вас во боксерски ринг. Не бидејќи сте дама, туку бидејќи секој треба да си ја врши својата работа. Никогаш не сум боксувал. Но, добредојдени сте на татами, во џудо меч, тука сум подготвен. Но, ви велам, таму ќе имам конкурентна предност“, вели Путин.

Scroll to Top