Нејмар ја пропушта домашната Копа Америка откако се повреди на пријателскиот меч на Бразил со Катар, продолжувајќи ја неверојатната низа на лоша среќа – ова е негова 18-та повреда во последните пет години, поради кои пропушти голем број на натпревари за клубовите и за репрезентацијата.
Нејмар ги скинал лигаментите во десниот скочен зглоб при стартот на еден противнички фудбалер, и на крајот заврши во солзи поради пропуштањето на шансата за уште еден голем трофеј.
Video of Neymar’s injury pic.twitter.com/QhsWqHh4mg
— J. Velazquez (@JuanDirection58) June 6, 2019
На Светското првенство во 2014 година, тој доби повреда на грбот поради кое го пропушти срамниот 7:1 пораз од Германија во полуфиналето. Истата година тој доби заушки, а потоа следуваа повредите на левото стапало, левиот бутен мускул, десниот бутен мускул, десното стапало и скочниот зглоб, а во јануари минатата година имаше повреда на ребрата.
Поради скршеница на метатарзалната коска во стапалото, тој го пропушти крајот на сезоната 2017/18 и едвај се опорави за СП во Русија, а десното стапало предизвика пауза и на почетокот на сезоната.
18 injuries in 5 years. pic.twitter.com/AqZl0ZZQ1r
— B/R Football (@brfootball) June 6, 2019