Агентот на Матео Дармијан инсистира дека италијанскиот дефанзивец уште нема добиено понуди од друг тим додека тој се мачи да добие место во првиот тим на Манчестер јунајтед.
27-годишниот Дармијан беше клучен играч во тимот на Жозе Мурињо на крајот на минатата сезона на позицијата на лев бек, но оваа сезона тој добива сè помалку минути, и постоеја шпекулации дека Рома, Наполи и Интер се заинтересирани да го вратат во Италија.
Неговиот агент, Тулио Тинти, сакаше да стави крај на шпекулациите, велејќи дека нема никакви понуди.
„Нема ништо на пазарот, уште е рано. Не сме добиле ниту една понуда“, изјави Тинти за весникот „Паџине романисте“.
Оваа сезона Дармијан има осум настапи за Манчестер јунајтед, од кои само два во Премиер лигата – последен пат против Тотенхем на 28 октомври. Дармијан дојде во Јунајтед летото 2015 за 12.7 милиони фунти и неодамна изјави дека не жали за трансферот.
„Направив избор и нема каење. Секако, секој сака да игра најмногу што може, но ми останува само да работам напорно“, вели Дармијан.