Манчестер сити се блиску до договор за трансфер на десниот бек на Јувентус, Жоао Кансело, јавува „Спорт медијасет“, кои додаваат дека преговорите продолжуваат и дека има основа за трансфер висок 50 милиони евра.
Италијанските медиуми сметаат дека има можност Данило да замине во Италија за сумата да се намали на 40 милиони евра, но порталот „Гол“ тврди дека Јуве повеќе би ги сакале Елсеид Хисај и Киеран Трипиер на негово место. Ако ова се оствари, Данило би можел да заврши во Јувентус.
Кансело дојде во Јуве минатото лето за 40 милиони евра од Валенсија, откако сезоната 2017/18 ја помина како позајмен фудбалер во Интер. И покрај 34-те меча во кои имаше осум асистенции, тој не ги задоволи критериумите во Јуве и повеќе пати беше повлекуван на клупата.