Центарот на Шарлот хорнетс, Двајт Хауард доби казна од 35.000 долари за непристојниот гест кон навивачите на Кливленд кавалирс.
Хауард беше „фатен“ во текот на втората четвртина на поразот на Хорнетс од 100:99 од Кавс во петокот навечер.
Како 14-годишен ветеран во НБА-лигата, вакво однесување не е прифатливо. Оваа сезона тој има просек од 15.5 поени и 12.9 скока во 18 натпревари.