Top Sport

Дино Раџа ја објасни разликата помеѓу Србија и Хрватска

Кошаркарската репрезентација на Хрватска долги години се наоѓа во криза, а потврда на тоа е поразот во петокот од Холандија, во квалификациите за Мундобаскетот.

Холандија која не е кошаркарска нација ја победи Хрватска 68:61 и го приреди најголемото изненадување во првото коло.

Дино Раџа, легенда на хрватската кошарка, во најавата за овој дуел, одговорил на прашањето на „Вечерњи лист“, зошто Србија е толку подобра од Хрватска, кога и едните и фругите потекнуваат од иста школа?

„Кај нив, легендите какви што се Дуда Ивковиќ, Обрадовиќ, Маљковиќ, а сега и Саша Ѓорѓевиќ, продолжија да работат по урнекот на таа школа, додека кај нас во минатото кошарката ја презеде судија кој од тоа си направи сопствен бизнис. И така е 20 години. Кај нив се почитува она што легендите ќе го кажат и работат на тој начин, додека кај нас секогаш кога ние нешто ќе се обидевме ни вршеа опструкции“, рекол Раџа.

Според него Хрватска мора да започне од почетокот да ја гради кошарката.

Во квалификациите за Мундобаскетот Хрватска се наоѓ во група со Романија, Холандија и Италија, а во наредaта фаза ќе продолжат најдобрите три селекции.

Scroll to Top