Австрија вчера со 1:0 ја победи Словенија во меч од нашата група во квалификациите за Европското првенство во 2020 година со голот на Гвидо Бургшталер, додека другите обиди на Австријците ги сопре голманот на Атлетико, Јан Облак.
По мечот, Словенците се налутија, не толку на резултатот, колку на односот на фудбалерот на Баерн, Давид Алаба. Пред мечот, тој даде интервју во кој не ги идентификуваше словенечките фудбалери.
„Вашиот голман е многу добар, а напред го имате оној добар играч“, изјави Алаба, со што не ги именуваше Јан Облак и Јосип Иличиќ.
Поранешниот словенечки фудбалер, Златко Захович вели дека тоа е направено намерно и се покажува непочитување кон противникот.
„Тоа вистинско непочитување, да не го препознавате еден од најдобрите голмани на светот и еден фудбалер како Јосип Иличиќ. Срамота“, вели Захович.
Бидејќи Алаба и Австрија во понеделник доаѓаат во Скопје, би требало да го му дадеме шанса да ги запознае и македонските фудбалери, посебно напаѓачите.
Zlatko Zahovic called David Alaba “disrespectful” for not knowing Jan Oblak’s name ?https://t.co/8f0feR1Ox4
— Goal News (@GoalNews) June 8, 2019