Top Sport

Дали за 5 милиони евра Кулибали ќе им „избега“ на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед сакаат да го направат Калиду Кулибали најскапиот дефанзивец на светот, но на неговиот клуб Наполи му „фалат“ уште 5 милиони евра за да се склучи договор.

Според италијанските медиуми, Јунајтед понудиле фантастични 95 милиони евра (84 милиони фунти) за централниот бек, откако минатата сезона „ѓаволите“ примија 54 голови во Премиер лигата, најмногу од 1978/79.

Според „Кориере дело спорт“, Јунајтед се подготвени го направат Кулибали најскапиот одбран играч со 95 милиони евра за трансфер, но Наполи бараат минимум 100 милиони. 27-годишниот Кулибали има откупна клаузула од 150 милиони евра во својот договор, но таа се активира на крајот на следната сезона.

Ако Наполи ја прифатат оваа понуда (или било која повисока), фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ќе го помине Виргил ван Дајк како најскап дефанзивец, бидејќи Ливерпул платија 75 милиони фунти на Саутемптон за неговите услуги.

Scroll to Top