Top Sport

Вардар со четири „парчиња“ за Шкендија

Вардар со 4:2 ја совлада Шкендија во дербито во македонската Прва лига,  откако своите голови ги постигна во второто полувреме и уште еднаш ги совлада лутите ривали во меч од домашното првенство.

Шкендија дојде прва во водство по одличното проигрување меѓу Хасани и Жуниор и тој резултат остана до полувремето. Над новото засилување на Вардар, Максим Максимов беше направен пенал во 55. минута, а уште еден Бразилец, Фелипе израмни на 1:1. И од другата страна имаше пенал, кој Ибраими го реализираше за ново водство на гостите, пред да почне „шоуто“ на Вардар. Блажевски израмни на 2:2 во следната акција, по што Фелипе постигна уште еден гол за водство на шампионот, пред Итало да го потврди триумфот на Вардар и првиот пораз оваа сезона за тетовци.

Академија Пандев продолжи со одличната игра со лесна 2:0 победа над Шкупи, додека Работнички, ниту со нов тренер не успеа да ја подобри играта, губејќи со 3:1 на гостувањето кај Ренова. Скопје и Силекс одиграа 1:1.

ПРВА ЛИГА

Академија Пандев – Шкупи 2:0

Скопје – Силекс 1:1

Ренова – Работнички 3:1

Вардар – Шкендија 4:2

Пелистер – Победа 2:1

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 25 , 2.Вардар(-2) 19, 3.А.Пандев (-1) 17, 4.Силекс 14, 5. Пелистер 12, 6. Шкупи 12, 7.Ренова 10, 8.Победа 9, 9.Работнички (-1) 7, 10. Скопје 5.

Scroll to Top