„Новиот Милан“, со техничкиот директор, Паоло Малдини и идниот спортски директор, Хрватот Звонимир Бобан би можел идната сезона да биде значително посилен во нападот со доведувањето на хрватскиот напаѓач, Андреј Крамариќ.
Според пишувањата на „Тутоспорт“, Бобан сака на Сан Сиро да го види Крамариќ кој е играч на германски Хофенхајм, а со клубот има договор до 2022 година.
Крамариќ изминатава сезона постигна 22 гола и имаше 5 асистенции наљ 37 меча за својот клуб.
Хофенхајм за играчот кој би бил одличен тандем со Полјакот Кшиштоф Пјонтек во Милан бара отштета од околу 40 милиони евра
Првото сезонско засилување за Росонерите е Раде Круниќ од Емполи кој е доведен во клубот за 8 милиони евра.