Top Sport

Рамос не го викна Роналдо на свадба!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос (32) се жени по седумгодишната врка со својата партнерка Пилар Рубио (40). Свадбата е задутре, во Севилја.

Меѓу 500-те гости на свадбата нема да биде долгогодишниот соиграч на Рамос, португалецот Кристијано Роналдо. Се шпекулира дека тие двајца не се во добри односи откако Роналдо направи трансфер во Јувентус.

На свадбата се очекува да се појават Флорентино Перез, Зинедин Зидан, Лука Модриќ со сопругата Вања, Пике и Шакира, брачниот пар Бекам, Раул Гонзалес, Роберто Карлос, Фернандо Јеро, Роналдо Назарио де Лима, Лукас Васкез, Кејлор Наваз, Жорди Алба, Серхио Бускетс и многу други.

По венчавката гостите ќе ги забавува култниот бенд AC/DC.

Важна улога на свадбата ќе имаат трите сина на Рамос и Рубио, петгодишниот Серхио, четиригодишниот Марко и едногодишниот Алехандро.

Scroll to Top