Манчестер сити се врати од гол негатива за да стигне до 2:1 победа на гостувањето кај Хадерсфилд таун со која ја вратија разликата од осум поени пред Манчестер јунајтед во трката во Премиер лигата.
Никлас Отаменди си постигна автогол во финишот на полувремето, по што Сити заминаа на полувреме со негатива кон момците на Дејвид Вагнер, но во второто полувреме нападнаа силно и Рахим Стерлинг прво доби пенал, кој Серхио Агуеро го реализираше по само пет минути во полувремето.
Лидерите ги послужи и среќата кога голманот Јонас Лосл го одбрани ударот на Габриел Жесус, но дозволи топката да стигне кај Стерлинг и во празната мрежа. Раџив ван ла Пара доби црвен картон за удар во лицето на Лирој Сане, но Сити стигнаа до 12. победа во 13 мечеви.
Бидејќи Челси, Ливерпул и Тотенхем загубија поени овој викенд, двата тима од Манчестер се најголемите победници овој викенд. Сити можат да се среќни што кога не играат најдобро стигнуваат до вакви победи.