Top Sport

Австрија со победа го стартуваше Светскиот куп во биатлон

Австрискиот тим Лиза Тереза Хаузер и Симон Едер ја отворија сезоната од Светскиот куп во биатлон со победа во сингл-мешаната штафета во „Националната шведска биатлон арена“ во Естерсунд.

Со одлични перформанси на стрелиштето, Австријците беа за 16.5 секунди побрзи од Германците Ванеса Хинц и Ерик Лесер, додека третото место изненадувачки отиде кај Казахстан со Галена Вишневскаја и Максим Браун, кои имаа 32.7 секунди послабо време. Актуелните шампиони, Франција беа четврти пред домашниот тим.

Во втората трка во Естерсунд, норвешкиот квартет Ингрид Јандмарк Тандерволд, Тирил Екхоф, Јоханес Тингнес Бое и Емил Свендсен стигнаа до победа во мешаната штафета трета година едноподруго со 5.3 секунди заостанување пред Италија предводена од Лукас Хауер. Германија беше трета пред Словачка и Шведска.

Scroll to Top