Англиските и италијанските медиуми тврдат дека во текот на денот Маурицио Сари ќе биде промовиран во нов тренер на Јувентус, откако челниците на Челси решиле да го ослободат од обврските менаџерот кој во финишот на сезоната ја освои Лига Европа.
Сари во Јувентус ќе го наследи Масимилијано Алегри и ќе потпише до говор до јуни 2022 година со „страта дама“. Челси како обесштетување ќе добијат четири милиони евра.
60 годишниот Сари само една сезона се задржа во Челси. Сезоната проткаена со многу проблеми тој ја заврши со трофеј во Лига Европа, што е прв за него во кариерата, а успеа и да им обезбеди на „сините“ место во Лигата на шампионите. Челси во Премиер лигата сезоната ја завршија зад Манчестер сити и Ливерпул.