УЕФА и Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) се обидуваат да ги истуркаат промените во Лигата на шампионите што би стапиле во сила од 2024 година. Планот на УЕФА и ЕЦА е затворена лига каде место би имале само најбогатите европски клубови. „Не“ на овој предлог му рекоа претставниците на 12 најдобри европски национални првенства.
Повеќе пари и повеќе натпревари помеѓу најбогатите европски екипи, што секако би се одразило врз националните првенства би донел новиот формат во Лигата на шампионите.
УЕФА и ЕЦА подолго време работат на промените, но како сега стојат работите тешко дека ќе успеат да го применат во пракса.
На состанокот на претставниците на 12 најсилни европски национални првенства што се одржа во Цирих едногласно ѝ било кажано „не“ на европската Суперлига.
Едноставно никој не сака да биде во сенка на најбогатите европски клубови.
Покрај италијанската Серија А, каде само претставникот на Јувентус бил „за“, од проста причина што првиот човек на „старата дама“ Андреа Ањели е и прв човек на ЕЦА, притив креирањето на Суперлигата биле и претставниците на: Португалија, Данска, Русија, Франција, Швајцарија, Германија, Холандија, Шпанија, Полска, Шведска и Англија.