Top Sport

Роналдо ги наброја своите рекорди и се заблагодари на „прекрасниот пречек“ во Италија

Кристијано Роналдо се заблагодари на навивачите на Јувентус и на португалската репрезентација во интересна објава на Инстаграм за одбележување на крајот на сезоната.

Првата сезона на ЦР7 во Јуве заврши со осма титула едноподруго во Серија А, а тој ја освои наградата за најдобар играч во Италија со 21 постигнат гол.

„Каква незаборавна сезона. Нови искуства, огромен клуб, возбудлив град, срушени рекорди и уште три титули. Прво морам да се заблагодарам на навивачите на Јувентус за прекрасниот пречек во Италија. Вие сте важниот дел на сите наши победи. Исто така огромна благодарност до сите навивачи низ целиот свет, посебно на Португалците кои помогнаа да стигнеме до историска победа за нашата земја. Никогаш нема да ги заборавам одличните моменти и новите ркорди во 2019“, напиша Роналдо на Инстаграм.

По ова следуваше долгата листа на лични рекроди кои тој ги остварил во календарската година.

– Победнички гол во италијанскиот Суперкуп.

– Победа во Серија А, најдобар фудбалер и 21 гол.

– Победа во Лига на нации и хет-трик.

– Прв фудбалер со 100 победи и 125 гола во Лигата на шампионите.

– Прв фудбалер со 10 титули на УЕФА.

– Прв фудбалер кој постигнал во сите финални натпревари: Светско првенство, Европско првенство, Куп на конфедерации и Лига на нации на УЕФА.

 

View this post on Instagram

 

What an unforgettable season! New experiences, gigantic club, exciting city, broken records and three more titles! I have to thank all of Juventus fans for the wonderfull way I was welcomed in Italy! You’re a very important part of our victories! Thanks to all my fans around the world and particularly to the portuguese people that helped us reach another historical win for Portugal! You’ll allways have a special place in my heart! Personaly, I’ll never forget the great moments and new record-breaking achievments I’ve had so far in 2019: – Italian Supercup winning goal; – Serie A win, Best Player and 21 goals; – Nations League win and hat-trick; – First Player to reach 100 wins and 125 goals in Champions League; – First Player to win 10 UEFA titles; – First Player to score in all National Teams final stages: FIFA World Cup, UEFA European Cup, FIFA Confederations Cup and UEFA Nations League; – First Player to score in 10 consecutive National Teams final stages from 2004 to 2019; See you soon! Together we’ll keep fighting for new and amazing conquests! I’m counting on you! ????? ????????

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top