Александар Тодоровски (35), кој во периодот од 2010 до 2015 година одиграл 16 натпревари за репрезентацијата на Македонија, го продолжил договорот со Раднички од Ниш.
Иако е веќе во ветеранските години, Тодоровски минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Раднички. Екипата од Ниш во првенството на Србија го освои второто место и играше полу-финале во Купот.
Во кариерата Тодоровски настапувал за Раднички од белград, АПОЕЛ, АЕЛ Лимасол, Рад, Полонија, Штурм, Заглебје.