Катарскиот фудбалски клуб Ал Гарафа потврди дека поранешниот тренер на Ватфорд и Фулам, Србинот Славиша Јокановиќ потпишал двегодишен договор.
Поранешниот фудбалер на Партизан, покрај Премиер лигата, работеше и со Макаби Тел Авив, а беше отпуштен од Фулам откако прво ги внесе во Премиер лигата, а потоа имаше низа на лоши резултати (тие испаднаа истата сезона).
Ал Гарафа минатата сезона под водство на францускиот тренер Кристијан Гуркуф заврши на осмото место. Во овој тим играат Весли Снајдер и Мехди Тареми.
? رسميا:
الصربي سلاڤيسا يوكانوڤيتش مدرّباً لفهود #الغرافة بعقدٍ يمتدّ لموسمين pic.twitter.com/7CRUbrWTtI— Al Gharafa SC (@ALGHARAFACLUB) June 16, 2019