Младиот грчки тенисер Стефанос Циципас вели дека е време да дојде крај на „досадната“ доминација на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, тројцата тенисери кои имаат освоено 53 гренд слем турнири во последните две децении.
Триото повторно е во фаворитска улог пред стартот на Вимблдон, и Циципас вели дека е време младата тениска генерација да остави своја трага на елитниот тенис. Циципас е прв носител на Квинс клаб од понеделник и вели дека сака да види нешто поинаку во Лондон.
„Да бидам искрен, би сакал да видам некој друг победник оваа година. Се надевам дека тоа можам да бидам јас и да внесам малку разноличност во нашата игра. Досадно е да се гледа како овие момци постојано победуваат. Ние сме одговорни за тоа и новата генерација мора да го каже своето. Да најдеме нешто, да играме најдобро што можеме и да ги победиме овие момци. Треба да покажеме карактер и одговорност. Се надевам уште на Вимблдон“, вели Циципас.