Италијански Јувентус му плати на Челси само 1 милион евра обесштетување за новиот тренер, Маурицио Сари, пишува италијански „Тутоспорт“.
Според информациите од Италија, Јуве го доби Сари за петпати пониска сума од неговиот претходник на клупата, Максимилијано Алегри.
Сари си замина од Лондон во не баш добри односи со челниците на клубот иако ја освои Лигата на Европа.
По само една сезона на клупата на „сините“, односно две години пред истекот на договорот, Сари реши да се врати во Италија во Торино, кај Јувентус, големиот ривал на Наполи, клубот кој Сари го предводеше пред да дојде во Лондон.
Претходно Италијанецот седеше на клупата и на Емполи, Верона и неколку клубови од пониските лиги на „Чизмата“.