Top Sport

Себаљос до Зидан: Нема проблем тренер, ни јас не сакам да работам со вас!

Откако Реал Мадрид имаше тотално промашена сезона, кралскиот клуб е многу активен на трансфер пазарот. До сега веќе се потрошени околу 300 милиони евра за засилувања, а апетитите на Зидан и челниците на клубот не се завршени.

За да има средства за нови инвестиции, мора Зидан да се откаже од некои играчи.

Шпанските медиуми веќе „ја кројат листата за отстрел“, а еден од најсигурните кои ќе го напуштат „Бернабеу“ е младиот шпански репрезентативец, Дани Себаљос (22).

„АС“ пишува дека Зидан на младиот фудбалер отворено му кажал дека не смета на него во новата сезона, а Себалос мирно го прифатил тоа и му одговорил на Французинот: „Нема проблем тренеру. Не сакам ниту јас веќе да работам со вас“.

Зидан и Себаљос никогаш не биле во некои посебно добри односи, а сега е сигурно дека патиштата ќе им се раздвојат.
Неколку клубови се заинтересирани за Себаљос, а прв во ред чека Тотенхем кој во Шпанецот гледа замена за Ериксен кој сигурно ги напушта Спарси летово.

Себалос во Реал дојде пред 2 години од Бетис, за 30 милиони евра.

Scroll to Top