Четирикратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон вели дека недостатокот на претекнувања на Абу Даби ГП трката во неделата покажува дека иако патеката „Јас Марина“ е прекрасна на око, таа не одговара на Формула 1 болидите во сегашниот формат.
Хамилтон се обидуваше да го стигне колегата Валтери Ботас во поголемиот дел од трката, но не успеа да дојде доволно блиску да го стигне и додава дека неговите инженери му кажале дека треба да биде за 1.4 секунди побрз по круг за да има надеж за претекнување.
„Ова е фантастична патека, но за жал не одговара на модерните Формула 1 болиди. Во тој последен сектор, немате шанси да се доближите. Имаме ист болид со Валтери, така што со разлика од неколку десетинки не можеш да очекуваш претекнувања. Нема разлика каков болид имаш. Во основа се лизгаш на патеката – како да возиш рели трка“, вели Хамилтон, кој оваа сезона стана само третиот шампион кој освоил поени на сите трки од една сезона по Хуан Мануел Фанџо во 1954 година и Михаел Шумахер во 2002 година.
Thank you to the team for all your hard work. It’s an honour being a part of this team with you. Thank you to all the fans across the world, I love you all. It’s been an awesome season and I can’t wait until the lights go out in 2018! #Blessed #Champions #F1 @MercedesAMGF1? @F1 pic.twitter.com/wSKtXDr1Ka
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) November 26, 2017
Ботас со победа и огномет стави крај Ф1-шоуто за 2017 година