Рома официјално одговори на експлозивната прес-конференција на Франческо Тоти, оценувајќи дека „неговите впечатоци за клубот се измислени и далеку од реалноста“.
Поранешниот капитен ја одби понудата да стане технички директор на клубот и си замина од „волчицата“ по 30 години, обвинувајќи ја управата на чело со претседателот Џејмс Палота и Франко Балдини дека сакаат да ги „остранат“ римјаните од клубот. Официјалниот веб-сајт на клубот не ја покриваше прес-конференцијата, туку се јави со соопштение вечерва.
„Клубот е екстремно разочаран што Франческо Тоти реши да го напушти клубот и да не ја преземе позицијата на технички директор, која му беше понудена по заминувањето на Мончи и за која чекавме одговор. Веруваме дека улогата која му ја понудивме беше една од најодговорните во клубот и побаруваше целосна посветеност, нешто што се очекува од сите на високи позиции. Бевме подготвени да бидеме трпеливи со Франческо и да му помогнеме во транзицијата од голем фудбалер во голем менаџер. Сфаќаме колку е тешко да си замине од АС Рома по 30 години, веруваме дека неговите впечатоци за фактите и одлуките во клубот се измислени и далеку од реалноста“, се вели во соопштението на Рома.
Покрај ова, од клубот исто така предупредија дека не е можен кам-бек под нова сопственичка структура.
„По информациите околу заинтересираните за клубот од целиот свет, се надеваме дека тоа не беше неправилно очекување на преземање на клубот, сценарио кое ќе биде опасно, бидејќи Рома е компанија на берзата. Инвестициската група нема намера да ја продава АС Рома, ниту сега, ниту во иднина. Му посакуваме на Франческо многу среќа во иднината“, се завршува во соопштението.
Official statement from AS Roma: Francesco Totti
➡️ https://t.co/SmLpy7Qfrv pic.twitter.com/R0AuYfSCOx
— AS Roma English (@ASRomaEN) June 17, 2019