Капитенот на Пари Сен-Жермен, Тијаго Силва се пошегува дека неговиот соиграч, Килијан Мбапе мислел дека уште игра за Монако во неделното француско дерби, по слаб натпревар на францускиот тинејџер.
18-годишниот Мбапе пропушти четири добри шанси, но ПСЖ сепак стигна до 2:1 победа за одвојување на врвот на француското првенство. Ова беше прв натпревар на „Стад Луј втори“ за Мбапе во дресот на ПСЖ, откако тој дојде на заем во Париз пред на лето да се комлетира трансферот од 180 милиони евра. Лани тој имаше 26 гола за Монако за да ги предводи до националната титула и до полуфинале од ЛШ.
„Му кажав уште во соблекувалната дека уште мисли дека игра за Монако. Дури една топка одби од пред нивниот гол! Но, Килијан имаше добар старт на сезоната, а за среќа ги имаме и Кавани и Нејмар“, вели Силва.
ПСЖ победи во Монте Карло, сега има девет поени предност (видео)