Top Sport

Хамилтон: Абу Даби не е патека за Ф1

Четирикратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон вели дека недостатокот на претекнувања на Абу Даби ГП трката во неделата покажува дека иако патеката „Јас Марина“ е прекрасна на око, таа не одговара на Формула 1 болидите во сегашниот формат.

Хамилтон се обидуваше да го стигне колегата Валтери Ботас во поголемиот дел од трката, но не успеа да дојде доволно блиску да го стигне и додава дека неговите инженери му кажале дека треба да биде за 1.4 секунди побрз по круг за да има надеж за претекнување.

„Ова е фантастична патека, но за жал не одговара на модерните Формула 1 болиди. Во тој последен сектор, немате шанси да се доближите.  Имаме ист болид со Валтери, така што со разлика од неколку десетинки не можеш да очекуваш претекнувања. Нема разлика каков болид имаш. Во основа се лизгаш на патеката – како да возиш рели трка“, вели Хамилтон, кој оваа сезона стана само третиот шампион кој освоил поени на сите трки од една сезона по Хуан Мануел Фанџо во 1954 година и Михаел Шумахер во 2002 година.

Ботас со победа и огномет стави крај Ф1-шоуто за 2017 година

Scroll to Top