Шпанскиот капитен, Серхио Рамос прати порака за поддршка на поранешниот селектор Луис Енрике, кој вчера се повлече од репрезентацијата поради приватни причини.
Претседателот на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубиалес потврди дека капитенот на репрезентацијата бил првиот кој бил информирал за одлуката Енрике да се повлече и на негово место да дојде неговиот помошник Роберт Морено. Рамос веднаш се јави на социјалните мрежи.
„Секоја победа на националниот тим ќе биде и твоја, шефе. Ја имаш поддршката од сите нас“, напиша Рамос.
Иако шпанските медиуми не објавуват каков е приватниот проблем на Енрике, поранешниот тренер на Барселона не го водеше тимот директно од март, туку само преку Морено. Тој си заминува од селекторската позиција по само 11 месеци.
Cada victoria de la Selección también será tuya, míster. Todo nuestro apoyo y nuestro ánimo.
Every win will be yours too. You have all our support.— Sergio Ramos (@SergioRamos) June 19, 2019