Top Sport

Фетел и Ферари утре на „сослушување“ за казната од Канада

Стјуардите од Канадското ГП ќе се состанат утре повторно на патеката Пол Рикар во Франција, каде што овој викенд се вози трка, за да го разгледаат „правото на ревизија“ на Себастијан Фетел и Ферари околу контроверзната казна која ја доби минатата недела.

Фетел доби казна од пет секунди за попречување на Луис Хамилтон на четвртата кривина на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, казна која скапо го чинеше – тој ја помина целта како прв, но победата отиде кај ривалот од Мерцедес, Хамилтон. Фетел бурно реагираше на оваа казна по трката и дури го премести знакот со бројот 1 по крајот на трката.

Ферари прво најавија жалба на одлуката, но наместо тоа во понеделникот потврдија дека ќе побараат „правило на ревизија“ под друг дел од спортскиот код, во кој се вели дека е можна ревизија доколку има „нови и значајни елементи“ во истрагата

ФИА потврди дека стјуардите од претходната трка ќе се сретнат утре во 14.15 часот на патеката Пол Рикар, каде што ќе ги сослушаат аргументите на Ферари.

Scroll to Top