Легендарниот американски кошаркар, Двејн Вејд смета дека Светското првенство во Кина ќе биде многу атрактивно, со многу добри натпревари и селекции.
„Очекувам многу интензивни мечеви и возбудлив турнир, на секоја селекција ќе и биде тешко да дојде до подиумот, а титулата ја брани САД. Ми се чини дека квалитетот порасна за разлика од минатите години и Австралија, Канада и Србија имаат врвн селекции“ – смета Вејд.
Екс-НБА ѕвездата која настапи на Олимписките игри во 2008 година е сигурен дека Кина ќе биде одличен домаќин.
Вејд играше и за селекцијата на САД која во 2006 година изгуби во полуфиналето од Грција пред да освојата бронза против Аргентина.
„Сакавме да освоиме трофеј, но паднавме на испитот. Тоа беше разочарување затоа што знаевме дека имаме се што е потребно за да славиме, но тој тежок меч со Грците го сруши нашиот сон. Сепак, тоа искуство ни помогна две години подоцна да земеме злато на ОИ“ – вели Вејд.