Англиски „Дејли Стар“ пренесува информација дека англискиот фудбалски шампион, Манчестер Сити е поблиску до ангажман на бекот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Мегваер, дефанзивец на Лестер Сити, за разлика од Манчестер Јунајтед.
„Граѓаните“ се чини ја добиле битката со „црвените ѓаволи“ затоа што решиле да ги платат бараните 65 милиони фунти.
Јунајтед дал максимум 50 милиони фунти за фудбалерот кој изразил желба да настапува во клуб кој ќе игра во еминетно фудбалско натпреварување во новата сезона како што е Лигата на шампионите.