Top Sport

Гркот Слукас останува верен на турски Фенербахче!

Грчкиот кошаркарски плејмејкер, Костас Слукас (29) го продолжи договорот со неговата екипа, Фенербахче.

Иако во изминатиот период се лицитираше со понудите за грслкиот кошаркар, сепак тој се согласи да потпише нов договор со клубот и тоа за 3 години.

Слукас со новиот договор ќе заработи 6 милиони евра. Истата сума му ја нудеше и шпанска Барселона, но Гркот реши да остане во Истанбул.

Костас Слукас во Фенер е од 2015. година, а со „жолто-црните“ ја освои Евролигата во 2017 година.

Scroll to Top