Top Sport

Депортиво Ла Коруња на чекор до враќање во Примера (видео)

Шпански Депортиво Ла Коруња синоќа на „Риазор“ со 2-0 ја совлада Мајорка во бараж-меч за враќање во Примера.

Клубот од Галиција поведе со голот на Федерико Катабрија во 37 минута, а конечните 2-0 беа дело на Кике во 81 минута.

Мајорка од 41 минута играше со играч помалку отккао Марк Предраза беше исклучен поради бруталниот старт врз домашниот фудбалер Бергантињос кој заврши в болница.

Мајорка сезонава нема позитивен скор на гостувањата во втората шпанска лига. На гостински терен остварија само 4 победи.

Реванш мечот за влез во шпанската елита се игра во недела.

Scroll to Top