Германскиот Формула 1 возач од редовите на Ферари, Себастијан Фетел (31) иако освои 4 титули првак на светот во низа, сепак веќе подолго време не е во добра форма, поради што се посилни се гласините дека ќе оди во „пензија“.
„Никогаш не су зборувал за моја „пензија“, не знам од каде излезе таа информација. Верувам дека кариерата можам да ја завршам кога сакам, но и Ферари може да ми даде отказ кога ќе посака. Но, среќен сум овде, и се надевам дека и тие се среќни со мене“ – изјави Фетел во очи на викенд трката што е се вози за Големата награда на Франција.
Тоа сценарио со отказот од Ферари се чини е пореално за разлика од „пензијата“.
„Имам глад и жед да победувам со Ферари и тоа е во моментов најважно. Оваа трка ќе биде круцијална за нас, за да се доближиме до врвот во поредокот и да им ја запомплицираме ситуацијата на Мерцедес. Кога тоа ќе успееме да го направиме, ќе можеме да гледаме напред“ – рече Фетел.
Германецот заостанува 62 бода во вкупниот поредок зад водешчкиот Луис Хамилтон, а на победа не се радувал од крајот на август минатата година, кога триумфираше на Ф1 трката за Големата награда на Белгија.