Ракометниот клуб Еурофарм Работник од Битола доби покана за настап во ракометната Лига на шампионите во сезоната 2019/2020 година, денеска потврдија од ЕХФ.
Во ракометна Битола по цели 14 години повторно ќе се игра ракомет во најквалитетното европско натпреварување.
Младиот тим на Еурофарм Работник го победи скопски Металург во трката за „вајлд-карта“ за настап во ЛШ.
Еурофарм Работник е шестиот македонски клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите. Претходно дел од најкваитетното клупско ракометно натпреварување во Европа беа Борец, Јафа, Вардар, Металург и Пелистер.
Се очекуваат противниците на Еурофарм во помалкуквалитетните групи (Ц или Д). Натпреварите во Битола ќе се играат во салата „Боро Чурлески“.
Европскиот шампион Вардар ќе биде носител во елитните групи А или Б во ЛШ, а ЕХФ одлучи „вајлд-карта“ да им додели на Монпелје, Кил и Пик Сегед.