„Марадонероси, ве лажат! Јас не умирам, немам Алцхајмерова болест. Велат дека сум тешко болен. Не им верувајте, ве лажат и го срамотат новинарството. Не боледувам од Алцхајмерова. Од тоа се умира, а јас не умирам. Жив сум и добро сум“. Ова на Инстаграм го изјави легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (59).
Тој го напушти кормилото на мексиканскиот клуб Дорадос, па по почетните вести дека има итна операција на рамото и колената, тргнаа „злокобни“ информации за неговата здравствена состојба.
Во Аргентина започнаа шпекулациите дека Марадона боледува од Алцхајмерова болест, што тој со видеото го демантираше.
Погледнете: