Фолскваген моторспорт ги одработи првите тестови на новото Поло ГТИ Р5 со кој ќе се натпреварува во ВРЦ2 класата во рели шампионатот следната година.
Германците имаа три дена тестирање во областа Фонтжонкус во јужна Франција со тест-возачот Дитер Депинг и ВРЦ2 шампионот Понтус Тидеманд.
„Успешен прв тест секогаш е причина за дополнителна мотивација“, вели директорот на Фолскваген моторспорт, Свен Сметс.
Фолксваген доминираше во рели ВРЦ шампионатот од 2013 до 2016 година со претходниот модел на Поло и со Себастиен Ожие зад воланот, но лани решија дека трошоците се преголеми и се повлекоа од спортот. Од 2018 година тие ќе се вратат само како снабдувач на автомобили на приватните тркачки компании/