Напаѓачот на Лион, Муса Дембеле го постигна единствениот гол за Франција со 1:0 да ја совлада Хрватска и да ја елиминира по групната фаза на Европското првенство до 21 година во Италија.
Французите бргу дојдоа во водство, откако Рене-Аделаид во осмата минута уфрли одлична топка од десната страна за Дембеле да натскока двајца хрватски дефанзивци и да го совлада голманот Уремовиќ.
Хрватите, кои во првиот меч на првенството загубија со високи 4:1 од Романија, имаа повеќе шанси во второто полувреме, кога ја погодија и гредата, меѓутоа на крајот се елиминирани од ЕП, додека Франција ќе се бори со Романија за првото место во групата и директен пласман. Романците претходно со 4:2 во неверојатен меч ја победија Англија.