Top Sport

Драма на тренингот на Нигерија! Калу доживеа срцев удар

Младиот напаѓач на Бордо, Семјуел Калу доживеал срцев напад на денешниот тренинг на Нигерија пред стартот на Африканскиот куп на нации во Египет и итно е пренесен во болница.

Засега нема подетални информации за здравствената состојба на 21-годишниот напаѓач, кој досега во кариерата има 6 настапи за својата репрезентација и еден постигнат гол. Портпаролот на Нигериската фудбалска федерација, Демола Олаџире изјави дека, сепак, за среќа не се работи за нешто посериозно.

„Добивме информации дека Семјуел е во стабилна состојба. Тој беше однесен во болница за низа тестови и засега е океј. Според моите информации тој беше сериозно дехидриран и сега му е потребно време за одмор“, изјави Олаџире.

Scroll to Top