Италијански „Скај спорт“ пренесува информација дека Еузебио ди Франческо си ги собрал документите од Рома и сега е слободен на тренерскиот пазар. Изворот наведува дека екс-тренерот на „волчицата“ веќе се договорил следната сезона да ја предводи Сампдорија од Џенова.
Тимот од Џенова остана без тренер откако Марко Џампаоло ги напушти и се пресели во тимот на Милан.
Ди Франческо најверојатно ќе потпише договор на 3 години.
Тој феноменално го предводеше Сасуоло пред да дојде во Рим. Направи неколку репрезентативци, а клубот играше модерен напаѓачки фудбал.
Сепак во Рома не ги пстигна истите резултати, па дојде до разделба.