Top Sport

Копа Америка 2019: Чиле го среди Еквадор и си обезбеди нокаут-фаза (видео)

Фудбалерите на Чиле се веќе во четвртфиналето на Копа Америка 2019 откако синоќа со 2-1 славеа на мечот против Еквадор.

Чилеанците резултатот го отворија многу рано, уште во осмата минута кога Фуензалида прецизно стрелаше за 1-0. Еквадор брзо израмни. Во 26 минута во чилеанскиот шеснаесетник беше соборен Валенсија. Истиот играч презеде одговорност и донесе израмнување 1-1.

Индивидуалниот квалитет на играчот на Манчестер Јунјатед, Алексис Санчез преточен на дело. Во 51. минута му носи водство на Чиле со 2-1.

Иако Еквадорците се трудеа до крајот на мечот на дојдат до израмнување, единствено за одбележување е дека останаа со играч помалку во 89 минута, исклучен беше Габриел Ахилиер.

Сега по две кола Чиле е прв на табелата со 6, а Уругвај втор со 4 бода. На третата позиција е Јапонија со 1 бод, а Еквадор по две кола остана на 0.
https://youtube.com/watch?v=flO_123jKFU

Scroll to Top