Хрватскиот фудбалски репрезентативец, член на Интер, Иван Перишиќ доби понуда кариерата да ја продолжи во Кина, јавуваат италијанските медиуми.
Кинески Шангај Шенхуа му понудил на Интер 25 милиони евра за Перишиќ, а нему тригодишен договор со годишна плата од 12 милиони евра.
Сепак, „Нероазурите“ не се задоволни од понудата и бараат барем 10 милиони евра повеќе за 30-годишниот Хрват.
Се чини и самиот фудбалер не е воодушевен од можноста да заигра во Кина. Шангај е сериозно заинтересиран за неговите услуги, па во следните денови најавиле нова понуда.
Перишиќ има договор со Интер со летото 2022 година.
За 4 години престој на „Меаца“ одигра 163 меча, постигна 40 гола, а имаше и 37 асистенции.