Top Sport

Барти е финалистка на турнирот во Бирмингем, ита кон челната позиција на ВТА

Австралиската тенисерка Ешли Барти во денешното полуфинале на турнирот во Бирмингем убедливо со 2-0, по сетови (6-4, 6-4) ја совлада чешката тенисерка Барбара Стрицова и се избори за финале на турнирот на трева.

Австралијката која моментно е на втората позиција на ВТА листата во двата сета направи по еден брејк на играта на 51-та светска тенисерка и обезбеди финале против подобриот од дуелот Јулија Гергес – Петра Мартиќ.

Барти доколку во утрешното финале го освои трофејот, ќе избие на првото место на ВТА-листата, кое моментно и припаѓа на Јапонката Наоми Осака.

Scroll to Top