Top Sport

Ботас најбрз на третиот тренинг во Франција

Третиот слободен тренинг во Франција е завршен, а најбрзо време на него оствари возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Тој набрзиот круг го помина за 1:30.159.

Доминацијата на Мерцедес ја надополни Луис Хамилтон кој имаше второ време на тренингот заостанувајќи зад Ботас со +0.041.

Зад двоецот на Мерцедес се најде дуото на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел. Првиот доцнеше +0.446.
Петти заврши Макс Ферстапен.

Во моментов траат квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Фарнција.

Scroll to Top