Нигерија и Бурунди предмалку на африканскиот Куп на конфедерации што од вчера се одржува во Египет го одиграа својот меч во рамки на групата Б. Славеа Нигеријците со 1-0 со голот на Игало во 77 минута од мечот.
Двете селекции одиграа тврд натпревар, двата национални тима упатија по 15 удари кон противничкиот гол. Иако Нигерија важеше за голем фаворит на мечот, сепак Бурунди им правеше проблеми.
Јунаци на мечот се стрелецот на голот Игало, кој во 73 минута влезе во игра, а 4 минути подоцна прецизно стрелаше и асистентот Аина, кој феноменално го проигра напаѓачот, со пета, во противничкиот шеснаесетник.
Претходно, во меч од групата А Уганда со 2-0 го совлада ДР Конго. Стрелци на головите за Уганда беа Каду во 14 и Окви во 48 минута.
Денеска од 22 часот на програмата е дуелот меѓу Мадагаскар и Гвинеја од групата Б на АКН.
Can we emphasize the backheel pass from Aina to Ighalo tho?? ??? #NGABDI pic.twitter.com/OrAhzoeBs7
— Mena (@menaaaly) June 22, 2019