Дани Алвеш потврди дека заминува од Пари Сен-Жермен, неколку часа откако како капитен го предводеше Бразил до 5:0 победа над Перу на Копа Америка во меч во кој постигна и гол.
Бекот се приклучи на францускиот клуб во 2017, откако претходно играше во Севилја, Барселона и Јувентус, и иако призна дека кариерата во француската престолнина му е завршена, не каде ќе биде неговиот следен клуб.
„Денеска завршува уште еден циклус во мојот живот, победнички циклус на учење и искуства. Би сакал да се заблагодарам на семејството ПСЖ за можноста заедно да пишуваме една страница од клупската историја“, објави Алвеш на Инстаграм.
36-годишниот Алвеш, кој го наследи колегата Нејмар како капитен на Бразил, освои две титули од Лига 1 и еден од Францускиот куп во девете сезони на „Паркот на принцовите“.