Србија и Хрватска повторно ќе се судрат во најлутото ватерполо-дерби, откако денеска го играат финалето на Светската лига на „Ташмајдан“ во 16.30 часот.
Хрватска со 10:8 ја победи Шпанија во полуфиналето, додека Србите лесно со 16:11 ја победија Австралија за финале, кое покрај трофејот носи пласман на Олимпијадата во Токио во 2020 година.
Србија веќе ја победи Хрватска во натпреварите по групи со 11:10, а ќе ја има предноста да игра пред десетина илјади свои навивачи. Против Шпанците, Хрватска уште во првата четвртина направи предност од 5:1, а потоа беа носени од голманот Марко Бијач, кој имаше 16 одбрани.
„Можеби сме малку во подредена положба бидејќи играме во Белград, но тоа може да биде и мотив повеќе. Да ги победиме Србите во права, спортска атмосфера и да си пружимер рака по мечот“, вели хрватскиот селектор Ивица Туцак.
Мечот ќе го има на ТВ-пренос на Арена 1.