Дефанзивецот на бразилскиот клуб Понте Прета, Родриго доби црвен картон откако му стави прст во задникот на Родриго Телез, по што неговиот тим загуби со 3:2 и испадна од бразилската Серија А.
Понте Прета водеа против ривалите за испаѓање Виторија со 2:0, пред во 20-тата минута Родриго да се реши на лудачкиот потег и да биде исфрлен од игра.
Виторија се врати за 3:2 водство по што дел од 13-те илјади навивачи, ги скинаа оградите и влегоа на теренот, расправајќи се со голманот Арања. Другите играчи избегаа од теренот, пред судијата да одлучи мечот да биде прекинат.