Top Sport

Фантастичната нова кацига на „Докторот“ (галерија)

Веќе традиционално, деветкратниот светски шампион Валентино Роси се решава за посебна кацига за зимското тестирање, но овојпат и „Докторот“ се надмина.

На тестирањето во Сепанг, Малезија, 38-годишниот ветеран ќе носи кацига мотивирана од мексиканскиот домороден народ Уичол.

Методот на народот Уичол вклучува различни форми со обоени влакна, а ефектот на кацигата на Роси фантастично ја доловил уметникот Давиде Дељи Иноченти.

Следуваат неколку други одлични примери на досетливоста на Дељи Иноченти, омилениот артист на Роси.

 

 

Scroll to Top