Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед Гери Невил го критикуваше Џеси Лингард и неговото однесување на социјалните мрежи, откако неговото видео на Снепчет предизвика многу реакции на „Олд Трафорд“, а според англиските медиуми го остави менаџерот Оле Гунар Солскјер бесен.
26-годишниот Лингард беше на годишен одмор во Мајами оваа недела со група пријатели, меѓу кои беше и соиграчот од Јунајтед, Маркус Рашфорд, во кое на вулгарен начин опишува што сè се случува во нивната соба, потенцирајќи сексуални активности.
Jesse Lingard posted this video on his snapchat. This man definitely had about ten bottles of Ciroc before uploading this. Ole won’t be happy ? pic.twitter.com/BMZVqyeZJD
— Devils of United ? (@DevilsOfUnited) June 19, 2019
„Зошто би направил такво нешто што потенцијално ќе ти се врати како критика? Кога си фудбалер треба да размислиш пред да направиш нешто и да се запрашаш дали тоа ќе ме направи подобар. Дали ќе ми заработи повеќе пари? Дали тренерот повеќе ќе ме сака? Ако одговорот е не, тогаш не треба да го правиш тоа. Сите правиме грешки, но не треба да се однесуваш како дериште кога не ти оди најдобро“, вели Невил.