Top Sport

Хамилтон и со скршено седиште до доминација на Пол Рикар

Луис Хамилтон стигна до својата шеста победа во 2019 и четврта по ред, најавувајќи лесно освојување и на шестата светска титула, откако и покрај тоа што се жалеше на скршено седиште успеа да стигне до рутинска победа со над 12 секунди предност пред својот клупски колега Валтери Ботас на Француското ГП на патеката Пол Рикар. Сега, Хамилтон има фантастични 36 поени предност пред Ботас.

„Се тркам долго време, меѓутоа, никогаш не е ми досадува победувањето. Не би можел да го направам ова без овој прекрасен тим. Заедно правиме историја и навистина сум пресреќен“, изјави Хамилтон по трката.

Неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас успеа да го изддржи притисокот на Шарл Леклер од Ферари во последниот круг за да го освои второто место, но го загуби поенот за најбрзиот круг, кој отиде кај Себастијан Фетел во Ферари, кој постави рекорд на патеката од 1:32.740. За Фетел ова е мала утеха, откако тој ја заврши трката само на петтото место зад Макс Ферстапен во Ред бул по лошите саботни квалификации и стартот од седмата позиција.

Зад доминантните болиди на Мерцедес, Ферари и Ред бул, беше Карлос Саинс Јуниор во Мекларен, пред Даниел Рикардо,  кој во последниот круг излезе од патеката и го помина колегата на Саинс, Лендо Норис предизвикувајќи тој да падне на 10. место, во инцидент кој стјуардите најавија дека ќе го разгледаат по трката. Во поени беа и Кими Раиконен на осмото место за Алфа Ромео и Нико Хилкенберг во второто Рено на деветтото место.

Scroll to Top